Се обеси поранешениот американски војник кој ја силуваше и уби 14-годишната Ирачанка и нејзиното семејство

 

Поранешниот американски војник Стивен Дејл Грин осуден на доживотен затвор поради силување и убиство на тинејџерка и нејзиното семејство во Ирак во 2006 година, починал во саботата во градот Тускон во Аризона, откако наводно се обесил во затворот.

Веста за неговата смрт е објавена дури синоќа по локално време.

Затворските чувари за време на редовната посета откриле дека 28-годишниот поранешен војник „не реагира“ во својата затворска ќелија.

19.02.2014 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега