Незадоволните граѓани не запираат- најавени нови протести во БиХ

Протестите во БиХ не запираат, незадоволните граѓани и денеска најавија протест во Сараево, Тузла, Мостар, Фојница и други градови во Федерацијата Босна и Херцеговина кој е закажан за 12:00 часот пред зградата на Претседателството БиХ.

Во Тузла работници во уништените индустриски гиганти повторно ќе излезат на улица. Планирано е да се собираат секоја среда со цел да укажат на тоа дека нивните проблеми не се решени.

Во Фојница се одржува вонредна седница на општинскиот совет по повод протестите и собирањето на граѓаните пред зградата на општината.

Во Мостар Колегиумот на Собранието на Херцеговско-неретванскиот кантон ќе расправа за оставката на министерот за внатрешни работи Марија Шуленте, но и за барањата на Пленумот на граѓаните на Мостар.

19.02.2014 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа