Пејачката Гоца Тржан итно оперирана!

Пејачката Гоца Тржан била итно оперирана на офталмолошката клиника во Белград.

Се работи за израсток кој и се појавил под окото. Бидејќи израстокот започнал се повеќе да расте, а пејачката добила и силни болки, веднаш заминала во болница каде и бил извршен хируршки зафат.

Операцијата траела кратко и поминала успешно.

Пејачката сега се одмора во својот дом.

19.02.2014 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа