Трагедија: Бебето и умрело во стомак а лекарите не знаеле ни дека е бремена!

Брачен пар од Нови Пазар се соочил со голема трагедија откако бебето кое го носела 34-годишната Лидија Хазировиќ и умрело во стомакот, а лекарите не ни знаеле дека таа е бремена.

- Поминавме низ пекол. Нашата болка не може да се опише со зборови. Нема да се откажеме и покрај се. Покренавме тужба поради непрофесионалниот однос и негрижата во болницата, вели Лидија за српскиот Курир.

Таа раскажува дека отишле во болница со силни болки кои таа ги почуствувала во стомакот, а веднаш биле префрлена на гинекологија. Лекарите ја прашале дали е сигурна дека е бремена бидејќи не можеле ништо да забележат. Жената неколку пати се онесвестувала, а на крајот и го загубила бебето во 26 недела од бременоста.

Откако жената била префрлена во болницата во Крагуевац, лекарите останале шокирани. Таа носела бебе, но за жал тоа умрело во стомакот, а лекарите не можеле да сфатат како до сега никој не забележал во другата болница дека таа очекува дете.

Парот поднел тужба за сето она кое го преживеал.

19.02.2014 - 10:10
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа