Соботка ја доби довербата од пратениците- изгласана новата влада на Чешка

По 12-часовна расправа доцна синоќа парламентот на Чешка и изгласа доверба на новата коалициона Влада на премиерот Бохуслав Соботка.

Новиот министерски Кабинет ја доби поддршката од 110 пратеници, додека против Владата гласаа пратениците на опозицијата, ТОП 09 и Граѓанската демократска партија, ОДС.

Главните приоритети на новата Влада, според премиерот Соботка ќе бидат развојна економска политика и корегирање на грешките во реформите на претходните десничарски влади.

За време на гласањето членовите на движењето „Зора” ја напуштија салата додека пратениците од Комунистичката партија беа воздржани.

“Нема да им ги земаме парите на луѓето преку зголемување на даноците од Данокот за додадена вредност”, изјави Соботка како одговор на обвинувањата на опозицијата дека Владата нема да може буџетски да ги финансира ветените проекти. 

19.02.2014 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега