Најчудната фобија на светот- келнерка се плаши од песните на Елвис Присли

Една келнерка ја има најчудната фобија на светот. Таа толку се плаши од Елвис Присли, што секогаш кога ќе слушне некоја негова песна, ја облева ладна пот.

Кога некој ќе пушти музика од Присли во барот каде што работи, таа брзо ја напушта просторијата, затоа што почува да се тресе.

-Не само што не ми се допаѓа неговата музика, туку чувствувам тресење на телото. Доволно е да слушнам само неколку зборови од било која песна и ме фаќа страв, истакнала Џо Колинс (33) од Рединг во Беркшир.

 

Таа не знае кога почнала оваа фобија, но психијатарите претпоставуваат дека најверојатно во детството доживеала некоја траума поврзана со Елвис.

18.02.2014 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега