ВИДЕО: Погледнете го трејлерот за новиот филм на Анџелина Џоли

Пред извесно време познатата холивудска актерка Анџелина Џоли го режираше филмот за спортистите кои завршија во јапонските логори за воени заробеници.

Во најновиот филм на Анџелина насловен „Unbroken“  е претставен животот на олимпијските спортисти кои го преживуваат пеколот од военото заробеништво.

Главната улога ја игра Џек О’Конел, а филмот за првпат ќе се прикажува во декември оваа година.

Ова е вториот режисерски проект за Џоли, а првиот беше „Во земјата на крв и мед“ за војната во поранешна Југославија.

Погледнете го трејлерот за нејзиниот нов филм „Unbroken“ :

18.02.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега