Поранешните членки на Пуси Рајот уапсени поради кражба

Поранешните членки на панк бендот Пуси Рајот, Надежда Толоконикова и Марија Алјохина се приведени во Сочи поради наводна кражба.

Сопругот на Толоконикова тврди дека тие се наоѓале на аеродромот и разговарале со новинари кога полицијата ги уапсила.

Наводно, двете девојки планирале да снимат песна на англиски јазик со наслов „Putin will teach you love the homeland“ („Путин ќе те научи да ја сакаш татковината“).

Толоконикова на својот Твитер профил постираше фотографија за која тврди дека е направена во полициското возило додека ја воделе кон полициската станица додека пак Алјохина напиша дека двете биле сместени во близина на црквата Свети Архангел Михаил и биле обвинети за кражба а полицајците присилно ги сместиле во полициско возило.

18.02.2014 - 13:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега