СКАНДАЛ: Поглаварот на ИВЗ во Македонија се сити на жртвите од 2001 - „Градоначалникот на Прилеп ќе го стигне Алах“

Наблаго кажано скандалозен е постот на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи на неговите профил на Facebook. Од она што успеавме да го преведе, тој им се сити на жртвите од Прилеп кои загинаа во 2001 година како и на човекот кој вчера загина во сообраќајна несреќа. 
Пишува дека остнаал само градоначлникот на Прилеп, Марјан Ристески да се соочи со кзната од Алах.

„Почитувани муслимански браќа. Ова е џамијата во Прилеп која беше запалена во 2011.Групата од 30 лица беше осудена од Алах Семоќниот. Најголем дел од нив беа убиени пред да последниот загина вчера со моторцикл во сообраќајка.  Изгледа дека остана само Марјан Рис. да се соочи со казната на Алах Семоќниот“ - стои во неговиот пост на Facebook.

На потег е Јавното обвинитество да се прозинесе дали во изјавата на Реџепи им говор на омраза и поттикнуање на меѓунационална и меѓуверска нетрпеливост.

 

18.02.2014 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега