Утрово евакуиран трговскиот "Скопје Сити Мол"

Денеска во 7 часот и 30 минути во Трговски центар "Скопје Сити Мол", се одржа редовна вежба за евакуација која беше извршена успешно.

Целта на вежбата беше да се провери системот за заштита и спасување на трговскиот, а се изведе под надзор на Кризниот штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на "Скопје Сити Мол".

Евакуацијата која тареше 7 минути заврши успешно, со што се докажа дека Кризниот штаб е подготвен за соочување со кризни и вонредни ситуации. 

Скопје Сити Мол применува безбедни стандарди со кои самите посетители може да се чуствуваат безбедно и сигурно.

 

18.02.2014 - 11:28
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа