Колкава е просечната плата во Словенија?

Државниот завод за статистика соопшти дека просечната месечна нето плата во Словенија минатата година изнесувала 997,01 евро.

Номинално просечната месечна плата се зголемила за 0,6 отсто, но нејзината реална вредност се намалила за 1,2 проценти во однос на 2012 година.

Реалната вредност на просечната месечна плата со тоа бележи пад две години по ред, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика. 

18.02.2014 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа