Необичен начин на заработка: Продаваат позитивни тестови за бременост

 

Бремените жени во Чешка смислиле  необичен начин за остварување на заработка, продавајќи позитивни тестови за бременост преку интернет. Со нив пак новите сопственички можат да ги „тестираат" или дури и уценуваат своите партнери.

Радиото посочи неколку реклами на интернет пазарот, чија веродостојност и самите ја провериле јавувајќи се на некои од огласите.

- Огласите не ми се чинеа сосема соодветни, повеќето од нив имаа само телефонски број. Можно е некој да ги купува тестовите, интерес за нив имаше, изјави Радим Смрчка операторот на серверот каде се појавија огласите и кои по предупредувањето на новинарите подоцна беа избришани.

Според психологот Јероним Климеш, купувањето на тестот кој е позитивен на бременост може да претставува ризик за врската и наместо докажување на љубов може да доведе до спротивен ефект. Таа практика на продавање позитивни тестови за бременост во минатото била забележана во САД и Полска. Во Полска за злоупотреба на таквите тестови се заканува затворска казна до три години. Во Чешка тоа не е кривично дело.

18.02.2014 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега