И било доста од науката: Универзитетска професорка дала отказ за да стане стриптизета

 

Најдобрата студентка во својата генерација Ребека Слејн, своите студии по медицинска хемија и белиот мантил го оставила поради танцувањето.

„Додека барав физичка и ментална рекреација во текот на работењето на мојата докторска дисертација, видов австралиска танчарка која ме воодушеви. Имаше прекрасно тело, одлична беше и не беше премногу слаба”, вели Чери.

По нејзиното докторирање, Ребека  одреден период предавала на Универзитетот, но се соочувала со проблем при вклопувањето на часовите по танц во полното работно време како професорка.

„Не постоеше друга опција, морав да се определам. Се одлучив да ја напуштам работата на Универзитетот и да се посветам на танчерската академиjа Шери“ – раскажа Ребека.

Денес Ребека има 150 ученици неделно и вели дека професионалната промена била најдобрата работа која ја направила во животот. Во изминатите три години таа ја опколила цела Британија и учествувала на бројни натпревари за танц околу шипка.

 

18.02.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега