Финалистите ги фаќа трема: Никој не сака да си замине од „Икс-Фактор"

 

Секогаш станува се понапнато како што се ближат елиминациите на Икс-Фактор, но како што изминува времето финалистите имаат се повеќе трема бидејќи никој не сака да си замине од шоуто.

Според извор близок до продукцијата, финалистите се се понервозни и имаат се поголема трема како што се ближат елиминациите. 

- Секогаш е напнато пред елиминациите, некој не е задоволен со изборот на песната, некој со стајлингот. Некогаш има и солзи. Кики Лесендриќ е најопуштен и кај него владее  најголема демократија, додека Јоксимовиќ знае и да не попушти. Кристина најмногу вежба со момците, а  Емина е секогаш заштитнички настроена, вели извор за српскиот Курир.

Останува вечерва да ја погледнеме шестата емисија во која ќе излезе некој од кандидатите. Затоа, да гласаме за нашиот Даниел и да не дозволиме тој да испадне од шоуто.

 

18.02.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега