„Ги растуривме Србите од бомбардирање“ - Џејмс Блант во емисија во живо

 

Пејачот Џејмс Блант, кој учествуваше во бомбардирањата на Србија од страна на НАТО во 1999 година, кој беше и капетан во војската, денеска се фали со својата улога.

„Ги растуривме Србите од бомбардирања“, изјави Блант на сугестијата на Џереми Кларксон дека тој и неговиот одред спречиле избивање на Трета светска војна“.
Блант дури и истакна дека тоа му бил еден од најубавите денови во животот!

Тој стана познат по инцидентот на Космета, кога одби наредба да ги нападне руските сили, кои го држеле аеродромот во Приштина, што се смета за настан кој може да биде повод за предизвикување на Трета светска војна. Во војската минал шест години. 

17.02.2014 - 20:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега