Аргентинскиот модел на работење на фирмите ослободува од колонизација и робство

 

Аргентинските компании кои се управувани од страна на работниците, е доказ дека претпријатијата во денешницата можат да бидат подобро управувани без шеф или сопственик на истите.

Новиот феномен кој овозможува да вработените го превземат своето работно место, во Аргентина почна уште во 2000 година, а имаше силно влијание во 2001 година, кога земјата се соочуваше со најголемата економска криза.

 

Низ целата земја, илјадници компании во оваа земја беа затворени, а над милион луѓе останаа без работа. Како најголемо опоравување на економијата, беше враќањето на фирмата Зенон, компанија за производство на керамика, која денеска вработува во просек од 470 работници годишно. Денеска речиси постојат 180 компании во Аргентина кои овозможуваат вработување на над 10.000 работници.

 

Искуството со компанијата Зенон редефинирано е на основа на производство: Без работници, газдите не можат да управуваат со работата, а без газдите работниците можат да работат многу подобро. 

17.02.2014 - 19:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега