Монструозно: Ја полеал 11-годишната ќерка со врела вода, па и ја сошил устата
Целиот свет остана згрозен од приказната за еден татко монструм од Кина кој ја мачел сопствената 11-годишна ќерка.
Ксиао Ли е пронајдена како талка низ улиците на градот Шунчанг во југозападната провинција Гуејџоу од страна на случаен минувач кој забележал дека зборува сама со себе и дека има модринки по целото тело, по што веднаш ја префрлил во болница.
Устата на девојчето била зашиена со рибарски конец, на главата имала сериозни изгореници и имала убодни рани од игли.
Девојчето е тешко злоупотребувано. Лузните никогаш нема да и исчезнат, повеќе нема да и расте коса поради изгорениците на главата.
За жал, малата живеела во овој хорор цели 5 години.