Ја поминала ноќта во затвор затоа што не вратила филм во видео-клуб цели 9 години

 

Кајла Мишел Финли од Јужна Каролина е уапсена кога била во канцеларијата на шерифот за да пријави злосторство.

Полицијата во таа прилика утврдила дека пред девет години е издаден налог за нејзинио апсење затоа што не вратила филм кој го позајмила од видео-клубот.

Жената  ја поминала ноќта во затвор откако е обвинета за ситна кражба затоа што не ја вратила видео-касетата „Monster-In Law“ со Џенифер Лопез во главна улога.

Видео - клубот од кој ја позајмила касетата од многу одамна не постои.

- Очигледно е дека Округот Пикенс нема попаметна работа, напиша Финли за „Фокс Каролина њуз“ со посредство на Фејсбук. Цврсто сум решена да се борам против ова. Бесмислено е ова што ми се случува, рече таа.

Полицијата соопшти дека опомените со кои се налага на Финли да го врати филмот се испратени пред девет години. Освен тоа, и испратиле налог за апсење на 21 септември 2005 година, но таа тврди дека не ги примила ни едно ни друго.

17.02.2014 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега