Ги стопли срцата на сите: Олимпиец посвои кученца од Сочи!
Гус Кенворти од Колорадо кој се натпреварува во скијање во слободен стил, ги освои срцата на бројни љубители на животните откако на својот Твитер профил објави фотографии со кученцата кои ги пронашол во Сочи.
Тој моментално се обидува да им закаже термин за вакцинирање и да им обезбеди дозвола за транспорт за да може да ги испрати во неговиот дом во САД.
Со ова тој испрати поракадо светот дека никој не треба да ги убива овие суштества, туку да се пронајде решение со кое ќе им помогнат и заштитат.
17.02.2014 - 13:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа