Кардиохирурузи од Италија споделуваат искуства со македонските колеги

 

Кардиохирурзи од повеќе универзитетски клиники од Италија престојуваат во посета на Македонија. 

Целта на посетата е да се продолжи трендот на усовршување во кардиологијата во Македонија и да се споделуваат искуства со македонските кардиохирурзи.

- Заедничката цел е да се продолжи трендот на усовршување во кардиологијата во Македонија, за да се зголеми високиот углед на македонската кардиохирургија во овој дел на Европа, како и промоција на медицинскиот туризам, изјави правниот претставник на делегацијата Иван Бехаре.

Во составот на делегацијата која деновиве ги споделува своите искуства со македонските кардиохирурзи се проф. др. Алберто Росини  од Универзитетот Бреша, др. Романо Серџини и др. Педро Силва од Болницата Милано Фетабенефратели.

Посетата на италијанската делегација е на покана од страна на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.

17.02.2014 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега