Истрагата покажа: Шумахер е самиот виновен за несреќата
Францускиот обвинител Патрик Квинси соопшти дека по деталната истрага која ја спроведува полицијата за падот на Михаел Шумахер на француските Алпи, нема докази дека некој е виновен за несреќата по која седумкратниот шампион во Формула еден веќе 50 денови е во кома.
Веднаш по несреќата француските власти започнаа истрага за да се утврдат околностите во кои настанала несреќата. Некои од медиумите објавија дека камерата била виновна за за повредата на Шумахер, бидејќи при падот предизвикала дополнитекно напукнување на кацигата, при што Шумахер си ја повреди главата.
- Не најдовме никакви докази дека има некој виновник за страотната несреќа. Несреќата се случила надвор од стазата, а Шумахер не требало таму да скија. Возел повеќе од 4,5 метри надвор од стазата, вели Квинси.
Инаку, легендата досега само еднаш гиотвори очите, а засега не реагира на тестовите за рефлекси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа