Во Хрватска се очекува нов бран на поплави

Хрватска се уште е во опаснот од поплави. Утре се очекува воден бран од Словенија кој  се заканува на  општините Јасеновац и Велика Горица.

Сите служби се на теренот, а на граѓаните во одбрана од поплавите им помага војската.

Во општините Јасеновац, Лекеник, Краљева Велика и Лоповљани вчера е прогласена вонредна состојба поради опасноста од поплави, а евакуацијата е планирана за жителите на подрачјето на Требеж, Плесма и Краљева Велика.

Водениот бран преку Сава се спушта кон Јасеновац, каде, како што се очекува, ќе се судри до водите на реката Уна, така што дел од куќите на тоа подрачје би можеле да бидат евакуирани уште утре изутрина.

17.02.2014 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега