Пријавете неправилности во безбедноста на храната -бесплатен телефонски број ви стои на располагање 24 часа
Агенцијата за храна и ветеринарство го стави во функција бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 наменет за потрошувачите на кој може да се јавувате за да пријавите неправилности од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните.
Телефонските линии се отворени 24 часа, а граѓаните имаат право на анонимни јавувања, а доколку остават податоци, име, презиме, адреса и телефонски број за контакт, ќе добијат и писмено известување.
Сите повици ќе бидат снимани.
17.02.2014 - 11:40
Фото:
Црнобело
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа