По забавата на Парис Хилтон моден дизнајнер пронајден мртов?!
Дизајнерoт на машка облека Мајкл Савоја кој креираше облека за филмски ѕвезди, е пронајден мртов во река. Тој беше познат како Савоја Кројацл, а последне пат е виден околу четири часот наутро на 13 февруари кога заминал од забавата на Парис Хилтон во клубот Марака.
Неговото изчезнување го пријавил неговиот возач, а телото му е пронајдено во близина на бродот на кој живеел. Причината за смртта сеуште не е позната. Полицијата соопштила дека на телото не се пронајдени траги од насилство и дека дизејнерот најверојатно се напил и паднал од бродот.
Сепак се чекаат резултатите од обдукцијата за да се дознае што всушност се случило.
Дизајнерот е сопственик на продавницата „House of Savoja“, а таму се облекуваа познати личности како Роберт де Ниро, Мет Дилон , Рики Мартин...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа