Во проектот „Белград на вода“ ќе бидат вложени три милијарди долари

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ изјави синоќа дека првите работи на проектот Белград на вода, ќе почнат во мај и целиот проект ќе биде завршен до 2019 година.

Тој наведе дека кулата што ќе биде новиот „ленд марк“ на Белград ќе биде завршена до март 2017 година.

Во врска со инветиторите од Обединетиет Арапски Емирати, Вучиќ рече дека во проектот ќе вложат три милијарди долари и подоцна ќе се дели приходот од продажбата на недвижниот имот на тој простор.

Кулата ќе има 50 катови и ќе биде највисока во овој дел од Европа, а набрзо ќе бидат еммитувани и реклами во светски телевизии во кои инвеститорите ќе вложат десетици милиони долари.

17.02.2014 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега