Драма во воздухот: Копилот киднапирал авион

 

Авион на „Етиопијан Ерлајнс“ од типот Боинг 767 денеска принудно слетал  во Женева откако бил киднапиран од страна на копилотот. 

Швајцарските власти соопштуваат дека киднаперот всушност бил копилот во авионот и бил уапсен веднаш по слетувањето.  Тој бил вооружен и чекал погоден момент кога пилотот отишол во тоалет за да се заклучи во кабината.

Киднаперот побарал азил во Швајцарија.

17.02.2014 - 10:51
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега