На Земјата се очекува пад на руски сателит
Рускиот сателит Космос-1220 кој во саботата влезе во атмосферата би можел да падне било каде на Земјата.
„Се очекува делови од сателитот да паднат на Земјата на 16 февруари“, рече полковникот Алексеј Золотукин.
Експертите предвидуваат дека сателитот ќе падне некаде во Тихиот океан, но точното време и локацијата на која ќе падне може да се промени заради влијание на надворешните фактори.
16.02.2014 - 14:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа