ФОТО: Рибар уловил статуа на Аполон
Во близина на Газа , рибарот Џвдат Абу Грб уловил статуа на богот Аполон.
„Ми беше страв. Ставив наочари за нуркање и се нурнав. Тогаш сè уште не можев да препознаам што е тоа. Со помош на пријателите и семејството го извлековме надвор. Бев шокиран од она што го најдов", рече Џвдат.
Станувало збор за бронзена статуа во природна големина за која се верува дека е 2.500 години стар приказ на грчкиот бог Аполон.
„Мислев дека кипот е направен од злато и дека ќе бидам богат. Го сокрив дома", рече рибарот.
Сепак во Газа не може да остане тајна, па во приказната се вклучила и вооружена бригада која го презела кипот. Потоа некој се обидел да го продаде преку аукција на eBay со почетна цена од 500.000 американски долари.
На крај Министерството за туризам и антиквитети, како и во министерството за внатрешни работи, па започнала истрага во врска со обидот за илегална продажба на уметничкото дело успеало да стигне до статуата и ветиле дека ќе ја изложат во музеј.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа