Се за љубов: Затвореник избегал од затвор за да ја види девојката за Денот на вљубените
Еден затвореник од Аризона верувале или не, избегал од затворот во кој се наоѓал за да си ја види саканата за Денот на вљубените.
Џозеф Ендру прескокнал два бетонски ѕида, а потоа се провлекол и низ бодликава жица, и се здобил со сериозни исеченици по целото тело, само за да си ја види саканата.
Неколку часа по бегството од затвор, затвореникот бил фатен од страна на полицијата, и однесен на лекар, поради срриозните повреди со кои се здобил. Иако извел неверојатно бегство, затвореникот поминал само кратко време со девојката, а потоа бил вратен зад решетки.
40-годишниот Џозеф бил уапсен за кражба, откако биле пронајдени украдени предмети во неговото возило годинава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа