Шевченко повторно ќе седне на клупата на Милан?

Украинецот Андриј Шевченко кој своевремено го носеше дресот на Милан е потенцијален наследник на Алегри јавуваат медиумите во Италија.

Овие пишувања станаа интересни кај италијанската спортска јавност по денешната изјава на Берлускони дека Алегри по завршување на сезоната заминува на клупата на Рома.

- Алегри ќе биде тренер на Рома. Официјално соопштение ќе добиете по последниот дуел од Серија А против Сиена, рече сопственикот на Милан.

најчитано сега