Влегле да ограбат банка а таму веќе ималодруги крадци! - ова се најглупавите кражби

 

Белградската полиција за српскиот Курир раскажа неколку случаи на кражби во кои дефинитивно крадците имале многу глупав план.

Еднаш наместо да ја земат торбата полна со пари, крадците земале вреќа полна со ѓубре, додека во друг случај, иако кражбата била успешна, автомобилот не сакал да им запали, па морале брзо пешки да избегаат од местото на настанот. 

Исто така, најинтересна била кражбата на банка во која се судриле две разбојнички групи. Кога група крадци влегле во ббанката за да ја ограбат, други крадци пред нив пристигнале на местото на настанот. Тие се расправале околу тоа како да го поделат пленот.

Во еден случај, двајца крадци кои провалиле во стан иукрале пари, тргнале со лифтот на зградата, но се заглавиле, а еден од смешните иинтересни случаи е и случајот кога група крадци ограбиле банка, но се заглавиле во гужвата додека бегале, па така ги фатила полицијата.

15.02.2014 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега