Францис е новиот папа
Хорхе Марио Берголио (76) од Аргентина е избран за нов поглавар на Римокатоличката црква.
Тој ќе биде прв неевропски папа во изминативе 1300 години, така одлучија 115 кардинали на конклавата во Систинската капела.
- Новиот поглавар на Римокатоличката црква избра име Францис, објави кардиналот протоѓакон Жан Луис Тауран од терасата на базиликата Свети Петар