Ниту Владиката Петар е победник, ниту македонците во Австралија се поразени

Кој доби, кој изгуби и што точно се случува со судскиот процес меѓу Владиката Петар и Црковната општина Света Петка во Рокдаил, Асвтралија?

Вчера е одбиено барањето на МПЦО Св. Петка до Врховниот Суд на Австралија да разгледа жалба по една точка за која претходно одлучи апелацискиот суд при Врховниот Суд на Нов Јужен Велс. Врховниот Суд на Австралија разгледува жалби само по точки кои ќе процени дека имаат поширока политичка импликација за австралиското општество, а инаку највисок степен на апелација е апелацискиот Суд при Врховниот суд на Нов Јужен Велс.

Тоа практично значи дека засега нема никакви промени од веќе утврданената пресуда на Врховниот суд на Нов Јужен Велс, која не ја задоволи целосно ниту една од страните во судскиот спор.

Судот на Нов Јужен Велс, мината година донесе одлука дека со Црквата  Света Петка останува да управува Црковната заедница, а Владиката г. Петар има право непречено да служи во таа црква.

Обидот на привзаниците на Владиката г. Петар, вчерашната одлука на Високиот суд во Сиднеј да ја претстават како голем и историски успех, е обид за манипулација.

-Ова не е никаков крај. Станува збор за заведувачки проглас на победа, со цел да се продолжи мандатот на Петар, за да продолжи со тужбите и хајките. Денес е само одбиена една жалба, по една точка за која претходно одлучи понизок суд. Досегашните одлуки на Врховниот Суд на Нов Јужен Велз остануваат, а тие не задоволија ниту една страна целосно, вели Игор Аврамовски Александров, Претседател на Македонските црковни заедници во Асвтралија.

Дека Владиката г. Петар, самиот не ја смета пресудата на Врховниот суд во своја корист класичен доказ е неговото покренување на нови тужби против членовите на црковната општина Св. Петка пред Нова Година, со кои бараше тие да се откажат од членство во општината.

Александров бара Владиката г. Петар јавно да се произнесе, дали се уште на дневен ред се овие тужби, од кои една веќе е покрената.

-Тоа што судот не задоволи ниту една од страните значи нови тужби, од кои веќе Петар има започнато една. Само Синодот може да спречи бесконечно тужење и уништување на црквата, вели Александорв, прашувајќи дека ако г. Петар смета дека ова е победа за МПЦ, тогаш зошто не ја препушти Св Петка на Синодот? Или тој самиот е МПЦ?

Вториот момент со кој манипулираат приврзаниците на Валдиката г. Петар е обидот да се претстави дека на овој начин е издејствувана победа за Австралсико новозеландскаат епархија, со кој сега наводно можел мирно да раковди Владиката г. Петар.

Правен субјект, Австралиско-новозеландска епархија на МПЦ на австралискиот континент воопшто не постои, бидејќи никогаш не е покрената иницијатива за нејзина регистрација. Второ и суштинско е што Владиката г. Петар воопшто не е адмистратор на таа епархија, бидејќи Синодот пред една година му ги одзеде ингеренциите врз 14 Црковни заедници и за координатор-админситратор го назначи Владиката г. Тимотеј. Г. Петар управува само со црковните општини со кои не е во судски спор. Спорна црква Св. Петка, за која се однесуваат овие пресуди, остана во недефиниран статус. Односно, САС на МПЦ-ОА, одлучи дека по завршувањето на судскиот спор, ќе дефинира кон кој дел од епархијата таа ќе припадне.

Македонските црковни заедници во Асвтралија очекуваат Синодот најитно повторно да ја свика синодскаат комисија која ја формираше за спорот во Австралија и заеднички да дефинираат неколку значајни точки. Александров вели дека новите тужби од Владиката г. Петар го зголемуваат притисокот врз Македонската црковна заедница за создање на задгранична Македонска православна црква.

-Ако Синодот му дозволи и понатаму да уништува во име на МПЦ, тоа само ќе ја врати на дневен ред иницијативата за самоуправна задгранична МПЦ, вели Александров алармирајќи дека состојбите се повеќе од сериозни.

Единствени добитници, засега, од судските спорови во Австралија се адвокатите, чии хонорари се мерат во милиони евра

15.02.2014 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега