Матурска парада и во Куманово и Неготино
Точно напладне, на градскиот плоштад матураните од Куманово заедно со нивните врсници од европските градови танцуваа квадрил на „Матурската парада 2013".
Ова е седми пат како се оддржува оваа манифестација која во Куманово е под покровителство на секторот за култура, Советот на општината и градоначалникот.
- На овој начин младите од Куманово стануваат дел од едно европско семејство. Се надевам дека матурантите ќе постават Гинисов рекорд во танцување во исти чекори на иста музика на различни места и градови, рече градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.
На плоштадот во Куманово, квадрил танцуваа околу 300 матуранти од кумановските средни училишта.
И неготинските матуранти од средношколскиот училишен центар “Св. Кирил и Методиј” денеска се приклучија на меѓународната манифестација и го изиграа танцот на зрелоста. Тие танцуваа на градскиот плоштад во Неготино.
-Со овој свечен чин матурантите ја слават зрелоста и влегуваат во животните лавиринти. Со оваа манифестација сметаме дека ќе придонесеме за одлична осработка со сите оние кои до денес се вклучени во матурскиот бал, рече директорката на Центарот Маја Тефова.
Таа изрази благодарност за поддршката до градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов и локалната самоуправа, центарот за култура “Ацо Ѓорчев” и сите други кои им помогнаа да се реализира матурскиот танц.
Настанот се одржува по четврти пат, а Тефова нагласи дека е тоа уште ден белег на културниот живот во градот.с