Плоштадот Свети Петар во Ватикан преполн со млади вљубени двојки

 

Денеска на плоштадот Свети Петар во Ватикан со собраа илјадници вљубени двојки за да го прослават Денот на вљубените во друштво на римокатоличкиот поглавар, папата Франциско.

Околу 25.000 млади луѓе кои неодамна се вериле беа повикани на прославата,  а откако веста брзо се прошири па на плоштадот се собраа двојки од сите возрасти, вклучувајќи ги и оние кои се во брак по неколку децении.

Освен италијанските двојки, кои ги имаше во најголем број, тука беа и парови од Франција, Шпанија, Азија, САД...

Вљубените двојки разменуваа нежности, се гушкаа, се бакнуваа и се држеа за раце додека го слушаа папата кој ги охрабруваше да се обврзат на трајна врска и да ја отфрлат потрошувачката култура.

- Денес, многу луѓе се плашат да направат траен избор. Одлуките кои траат цел живот делуваат невозможни, но можат да се постигнат, рече римокатоличкиот поглавар. 

14.02.2014 - 18:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега