Крвава свадба: Се сруши покрив на свадбена сала - загинаа 10 лица

Крвава свадбена трагедија го потресе светот. На истокот на Кина денеска се сруши покрив на свадбена сала, каде за жал во моментот имало 200 гости, при што животот под рушевините  го загубиле 10 лица.

Според податоците од кинеските медиуми, засега не е познато што ја предизвикало несреќата, но се работи за стара зграда, која се надоградува, па се претпоставува дека кровот веќе не можел да ја издржи тежината.

Во несреќата се повредени 91 лица, од кои 10 се во критична состојба.

Полицијат го истражува случајот.

14.02.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега