Ставрески: За земјоделците секогаш ќе има пари во Буџетот

 

Минатата година за лозарите беше добра, а се очекува и годинава да бидат задоволни. Субвенциите се исплатени во целост за 2013 година, а поддршката на Владата за лозарите и за земјоделството продолжува и понатаму, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески  пред лозарите во Неготино каде по повод празникот свети Трифун присуствуваше на закројување на виновите лози.

Ставрески истакна дека за 2013 година им се исплатени 386 милиони денари на 12.615 лозари, од кои 105 милиони се за лозарите во Неготино.

Министерот за финансии истакна дека овие бројки ја покажуваат грижата на Владата за лозарите и додаде дека за земјоделците секогаш ќе има пари во Буџетот.

Додаде дека субвенциите не се единствената грижа на Владата и локалната власт, туку дека тие се грижат и за останатите сегменти од целокупното живеење на сите граѓани во кои исто така има резултати.

Потсети на ефектите од отворањето на германската инвестицијата „Дрекслермаер“ во Кавадарци во која се вработени 900 лица од Неготино, што според вицепремиерот ја покажува грижата на Владата на Република Македонија за отворање на нови инвестиции, фабрики и доделување субвенции.

- Континуирано ќе продолжиме со грижа кон сите граѓани на државата и подобрување на нивниот живот од сите аспекти, рече денска Ставрески. 

14.02.2014 - 13:50
Фото: 
Влада.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега