Нови проблеми за Хурем: Поранешниот вереник бара старателство

 

Меријем Узерил, Германката која се стекна со светска слава по улогата на Хурем Султан во мега-популарната серија Величенствениот, се соочува со нови проблеми откако во последно време животот и зададе повеќе удари. Откако остана бремена, а нејзиниот вереник побара да абортира, таа се раздели од него и реши сама да го одгледа детето. Хурем на свет донесе здраво женско бебенце, а иако таткото се откажа од него, сега бара старателсто.

Турскиот заводник Кан се огласи на социјалните мрежи велејќи дека сака да биде дел од животот на своето дете и дека ќе бара стрателство. Тој истакна дека сака и на финансиски и секаков план да му помогне на детето, но потенцираше дека не сака да има ништо со славната актерка.

Останува да видиме како ќе се одвива оваа нова ситуација во животот на актерката.

14.02.2014 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега