Фејсбук групата „Револуција во Црна Гора за утре најави протести пред црногорскиот Парламент

Фејсбук групата „Револуција во Црна Гора - сите на улица“ за утре најави протест пред зградата на црногорскиот парламент во Подгорица, каде ќе бара смена на актуелната власт, по примерот на настаните во Босна и Херцеговина.

Групата, според црногорските медиуми, ги повикува граѓаните во сабота да излезат на улиците и да побараат смена на власта, а се најавува и блокада на сообраќајот во центарот на Подгорица.

- Нашите барања се оставка на власта и излез на сите пратеници од парламентот, се наведува на Фејсбук страницата на групата „Револуција во Црна Гора - сите на улица“.

 

 

14.02.2014 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега