Масовен штрајк во Кипар против плановите за приватизација на државниот сектор

Стотици вработени во државниот сектор во Кипар стапија денеска излегоа на штрајк во знак на протест против плановите на Владата за приватизација на компаниите, во кои работат.

Вработените во кипарскиот телеком и во кипарската пристанишна администрација прогласија 24-часовен штрајк, а вработените во компанијата за електрична енергија прогласија 12-часовен прекин на работата со што можни се времени прекини на снабдувањето со електрична енергија. 

Владата на Кипар ги одобри вчера патоказите за приватизација на трите корпорации. 

Ова е прв голем масовен штрајк против условите содржани во меѓународната спасувачка програма за Кипар, потпишана пред околу една година. 

14.02.2014 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега