Војвотката од Кембриџ повторно бремена- Кејт и Вилијам чекаат ќерка

 

Магазинот „Глоуб“, објави дека војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон го чека второто дете и тоа девојче.

Близок извор на кралската двојка открил за британскиот печат дека Кејт и Вилијам чекаат ќерка, а доколку кралицата Елизабета го даде својот благослов, бебето ќе се вика Дајана, како починатата мајка на принцот Вилијам.

- Веќе извесно време има труднички стомак, кој се гледа – рекол изворот.

Кејт Мидлтон, која го роди синот Џорџ на 22 јули минатата година и самата ги поттикнала овие гласини кога пред неколку дена е снимена во Лондон во тесен фустан на еден свечен настан.

14.02.2014 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега