Британија бара финансиска помош од ЕУ за справување со поплавите

 

Британскиот премиер Дејвид Камерон побара финансиска помош од ЕУ за справување со поплавите што во последните неколку седмици ја зафатија Велика Британија.

Од почетокот на декември во Велика Британија се поплавени околу 5.800 домови.

Во моментот од електрична енергија се лишени околу 56.000 домаќинства, а нова бура се очекува утре вечер.

Околу 165.000 домаќинства се уште се без струја во Северна Ирска која исто така е засегната од поплавите. 

14.02.2014 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега