Нов земјотрес со интензитет од 4,7 степени регистриран во Кефалонија

Земјотрес со интензитет од 4,7  степени според Рихтеровата скала рано утринава повторно го погоди грчкиот остров Кефалонија, соопшти Институтот за геодинамика во Атина.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на десет километри западно од гратчето Аргостоли.

Сеизмологот Ефтимос Лекас изјави дека земјотресот е дел од сеизмичка активност, која почнала на 26 јануари.

14.02.2014 - 09:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега