Во САД отворена најголемата соларна електроцентрала

 

Најголемата соларна електроцентрала во светот беше отворена долж границата меѓу американските сојузни држави Калифорнија и Невада.

Соларната централа се простира на 13 квадратни километри федерална земја во близиа на градот Прим, во сојузната држава Невада. 

Комплексот е вреден 2,2 милијарди долари и се состои од три енергетски блока. Сопственост е на компаниите Ен-Ар-Џи Енерџи, Гугл и Брајтсорс енерџи и може да произведува околу 400 мегавати, што е доволно за да обезбеди 140 илјади домови. 

Во комплексот има 350 илјади огледала со голема на врата од гаража. Тие се контролираат со компјутер и ја одразуваат сончевата светлина кон бојлери, поставени на 140-метарски кули. 

На церемонијата на отварањето на централата „Ајванпа“ присуствуваше американскиот министер за енергетика Ернест Мониз.

 

Тој истакна дека оваа централа е пример дека САД ќе се претворат во лидер во сончевата енергија во светот.

14.02.2014 - 09:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега