Уште еден земјотрес го стресе островот Кефалонија
Нов земјотрес утринава го погоди грчкиот остров Кефалонија.
Според информациите од Институтот за геодинамика во Атина, земјотресот бил со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала, а за ист интензитет јави и Европскомедитеранскиот поморски сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на десет километри западно од гратчето Аргостоли.
Сеизмологот Ефтимос Лекас изјави дека земјотресот е дел од сеизмичка активност, која почнала на 26 јануари.
14.02.2014 - 08:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа