Македонија го одбележува Св. Трифун

 

По повод празникот Св.Трифун денеска во неколку градови и места низ државата ќе се изврши закројување на лозовите насади.

На свеченото закројување лози во Неготино ќе присуствува вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и министерот за земјоделство на Хрватска, Тихомир Јаковина, пак, по повод Денот на лозарите ќе присуствуваат на традиционалното закројување лозови насади на винаријата „Визба Валандово“-Валандово и на винаријата „Тиквеш“-локалитет Лепово.

14.02.2014 - 08:26
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега