Грција ќе ја блокира Македонија до 2018-та
Германскиот Бундестаг продолжува сериозно да се ангажира за деблокирање на македонските евро-интеграции.
По средбата на македонските и германските пратеници и претставници на германската влада, демохристијанинот Петер Вајс за Дојче Веле вели, дека целта е преговори за членство и разговори за името, пренесува Сител
,,Разговаравме за идејата пристапните преговори да започнат на еден неформален начин, без претходно решение за спорот со името, за која цел во наредните месеци уште еднаш ќе треба да се сретнеме и да разговараме. Јас можам да претстават почеток на една ваква иницијатива од страна на германските парламентарци. Меѓутоа, ова мора да биде поддржано и од сите други во Европска унија. Замисливо е и ќе биде потребно претходно да се договорат многу работи“, подвлекува Вајс.
Германскиот пратеник вели дека парламентарците не би биле „слободни стрелци“ туку прво ќе разговараат неформално во фракциите за конкретната иницијатива, а потоа и со министерот за надворешни работи на Германија.
Според македонскиот пратеник Антонио Милошоски, како модел може да се искористи решавањето на спорот помеѓу Словенија и Хрватска.
„Во германскиот Бундестаг постои група на добри познавачи и пријатели на нашиот регион кои се расположени да ја разгледаат иницијативата за примена на словенечко- хрватскиот модел при преговорите за членство во Унијата, и за Македонија. Тоа значи поведување одредени иницијативи кои ќе создадат околности Македонија и Грција паралелно да разговараат и за членството во ЕУ и за разликите во името“, изјавил Милошоски.
Претставникот на сојузната Влада, Штефен Зајберт, пак на македонските парламентарци им потенцирал дека средбата на канцеларката Меркел со преговарачот Нимиц, на нејзина иницијатива, претставува сигнал за нејзината лична заинтересираност за спорот и начините на кои германската влада би можеле да помогне за пробивање на грчката блокада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа