Белгија одобри евтаназија и на деца

 

Белгија усвои денеска измени во законот за евтаназија од 2002 година, одобрувајќи евтаназијата да се однесува и за деца. На тој начин Белгија стана втора земја во светот, по Холандија, со слично законодавство. За предлогот гласаа 86 пратеници, против беа 44, а 12 пратеници беа воздржани.

Се предвидува  евтаназијата да се однесува на деца кои „можат да разбираат“ и тоа е основна разлика со холандскиот закон, кој наведува дека таа процедура се применува за деца над 12 години.

Барањето за пристап кон евтаназија се однесува на дете кое страда од неизлечливо заболување или од неподносливо физичко страдање, чиј крај по природен пат не би настапил набрзо, се наведува во измените на законот.

За разлика од децата, возрасните во Белгија можат да бидат подложени на евтаназија и при неподносливи психички состојби

13.02.2014 - 19:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега