Опасен тренд се шири меѓу младите на социјалните мрежи

 

Опасен тренд се шири меѓу младите на социјалните мрежи во Хрватска. Се работи за барање од пријателите да си нанесуваат болка и да се сечат по телото, што за жал, зема се поголем замав.

Овој тренд е најмногу раширен меѓу средношколците, но и меѓу основците. Како што пренесува Глас Славоније, многу тинејзери се самоповредуваат поради тоа што се незадоволни од самите себе, или од односите што ги имаат со семејството, па ги повикуваат и врсниците да го прават истото.

Мајката на една тинејџерка која била повикана да се самоповредува, си ја отвори душата, и за Гласот на Славонија, раскажа што се случило.

- Кога сфатив зошто мојата ќерка носи долги ракави и во лето и во зима се шокирав. Другарките и велеле да се сече по телото бидејќи така полесно ќе ги проживее сите мои критики, сите лоши оцени, и се лошо што и се случува...навистина е ужасно,. И рекле дека и да заврши на психијатар ќе и биде добро, вели мајката.

Затоа, особено внимавајте бидејќи овој тренд за жал се повеќе се шири на социјалните мрежи.

 

 

13.02.2014 - 14:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега