Албанската полиција заплени два тона марихуана- уапсени осум лица

Албанската полиција заплени два тона марихуана и уапси осум лица во две одделни акциикои беа рализирани претпладнево.

Нарко шверцерите дрогата требало да ја прошверцуваат кон италијанскиот брег.

Првата акција била реализирана во близина на месноста „Свети Васил“ кај Саранда, каде е запленета пола од дрогата и уапсени се шест лица, додека другата кај месноста „Свети Јани“ кај Нарта, при што се упасени две лица.

Дрогата била натоварена во комби возила а полицијата ги затекнала нарко швервцерите во моментот кога ја подготвувале за транспорт кон Италија.

13.02.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега